ВМРО-ДПМНЕ го повикува Зоран Заев јавно да каже од кого добива закани и колку тие се реални?
-Ако не го стори тоа, тогаш сите негови изјави во тој правец се резултат на неговата желба да привлече внимание по секоја цена, во отсуство на реални проекти и достигнувања, во ситуација кога имаме зголемување на акцизи за нафта, зголемување на цените на паркингот, и кога се зголемуваат општите трошоци за живот на граѓаните. Сето ова делува за несериозен и несмасен обид да се дефокусира вниманието од вистински теми, отсуството на решенија и проекти, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.