Заев дециден: Пописот нема да се одложи дури и ако се зголеми бројот на зaболeни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комисијата за заразни болести ќе го има последниот збор дали пописот би можел да биде одложен или прекинат поради зголемување на новозаразени со корона вирус, вели првиот човек на заводот за статистика Апостол Симовски. Тој не ја отфрла можноста за одлагање на пописот дотолку има нагло зголемуввање на новозаразени. Тој вели дека нема да дозволат да бидат причина за ширење на корона вирусот.

„Комисијата за заразни болести ја следи ситуацијата на дневна основа ако не дај Боже ситуацијата дојде, а Комисијата го заклучи тоа и ние ќе го почитуваме тоа. Нема да дозволиме никој да биде ставен во опасност и дополнително да бидиме причина за ширење на вирусот“, вели Симовски.

За разлика од Симовски премиерот Заев не смета дека пописот треба да се одложи и доколку има зголемување на бројот на заразени лица од корона вирус. Според него протоколите кои се донесени ги штитат граѓаните.

„Не гледам никаква причина дури и да предпоставиме дека има повеќе заболени од просекот, не гледам причина дека процесот треба да се одложи, и не треба да се одложи. Тоа е процес предвиден со сите мерки на протоколи со здравствени безбедности и во време кога имавме по 1000 заболени на ден“, рече Заев.

Инаку Симовски заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи остварија средба со претставниците на верските заедници во Македонија кои како што велат имаат важна улога во процесот на попишување. Досега над 25 илјади државјани, кои се надвор од Македонија, се попишале на пописот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This