March 28, 2024, 11:48 pm

ЗАЕВ ЛАЖЕ ЗА СРЕДБАТА СО ДИЈАСПОРАТА: Македонската дијаспора од Европа испрати демант – никој не се сретнал со Заев и Адеми, на средба се претставници на албанската дијаспора!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската дијаспора од Европа го демантираше Зоран Заев и неговиот министер без ресор задолжен за дијаспора дека воопшто имале некаква средба на која се разговарало за референдумот. Според нив, не е јасно кој воопшто седнал на средба со премиерот, ако ниту еден валиден претставник на македонската дијаспора не се согласил да се сретне со Заев

 

 

 

 

Само два дена од нашиот демант на изјавата на “министерот”без ресор за Дијаспората, еве уште една лага поврзана со некаква средба на Премиерот Заев со истата.

Веста што ја прочитавме во медиумите , навистина не изненади и не зачуди поради самиот факт, што во одреден момент не можеме да бидеме на две места а што “македонскиот” Премиер сакаше вешто тоа да ни го прикаже.
Иронијата да биде поголема е дека ниедна од заедниците на дијаспората не е во тек на некаква средба, па неминовно се поставува прашањето, со кој навистина се сретнал Премиерот?

Тоа е за формата. Што се однесува пак за суштината, ниту една од владините мерки наведени на “ средбата “ не поистоветуваат со основните барања и ставови на 20-50.000 Македонци кои протестираат низ светот повеќе од две години.
За јазикот, името, идентитетот, историјата не се преговора, туку едноставно се изговора Македонија!

Ниту мнозинството граѓани во државата се изјасниле за референдум , ниту реформите и “добрососедските “ договори значат напредок и демократија, а пак најмалку Нато ќе ни донесе просперитет. Една воена излишна организација постои за оправдување на нејзината цел, создавање немирни политички системи, креирање на “оправдани” војни , зголемување на воените државни буџети ама сигурно не просперитет и демократија.

Што се однесува пак за значењето на патриотизмот на Премиерот , суштината на самиот збор е поврзан со искрената и недвосмислена љубов и определба за почитување на уставниот поредок на секоја држава, а сигурно не затајување на историјата и трансформација на патриотите со граѓани.
Секоја европска држава е горда на својот народ, кој се поистоветува со името на истата, па затоа имаме Французи, Германци, Македонци а не граѓани.

Да заклучиме, никаква средба македонската дијаспора од споменатите држави не имале со Премиерот а дотолку навистина имало таква средба, би сакале и официјално да се запознаеме.
# Бојкотирам референдум!

Координативно тело на македонската дијаспора за протести од Европа, Канада и Австралија.

Париз, 15 август, 2018 година – стои во демантот на македонската дијаспора

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This