ЗАЕВ НА СРЕДБА СО ИВАНОВ: Утре средба меѓу Иванов и Заев околу преговорите за името на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, имајќи ги предвид важноста на прашањето за името и државните интереси на Република Македонија, ја прифаќа поканата за информативна средба, иницирана од Зоран Заев, Претседател на Владата на Република Македонија, закажана за утре, 19 мај 2018 година, информираат од кабинетот на претседателот на државата

Од таму велат дека до денеска, 18 мај 2018 година, до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија не се доставени целосни одговори на барањата упатени на 29 март 2018 година, вклучително и нацрт-текстот на билатералната спогодба за надминување на разликата околу името, доставен од Министерството за надворешни работи на Република Грција.

-Сметаме дека на тој начин се врши селективно информирање на македонскиот претседател, велат од кабинетот на Иванов.

Претседателот Иванов на утрешната средба очекува да биде информиран за суштината и за деталите од разговорите во процесот за надминување на разликата околу името.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This