Зaeв нeмa мнозинcтво, бapа да се фopмира нeзaвиcнa пратеничка група на ДУИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако во текот на вчерашниот ден, СДСМ преку соопштение ја извести јавноста дека го има потребното мнозинство за Влада денес сосема се менува наративот на владеачката партија во јавноста. Првичните шекулации велеа дека Заев се обидел да „купи“ пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, но како што соопшти и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски неговиот обид бил неуспешен.

Попладнево СДСМ целосно го промени наративот преку нарачани текстови во провладините медиуми барајќи формирање на таканаречена независна пратеничка група на ДУИ која би ја поддржала коалицијата со Алијанса, Алтернатива, ДПА, Беса и СДСМ.

Ваквата теза ги потврдува информациите на Експрес дека по неуспешниот шопинг во коалицијата „Обнова“, Заев го заминал на шопинг во Мала Речица. Дека Заев нема мнозинство и дека многу тешко му оди да формира Влада говореше и неговата фацијална експресија за време на прес конфренцијата по завршувањето на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија, но и нервозата која екскалираше со директен конфликт со новинарите.

Во јавноста се шпекулираше дека одредени амбасади на држави партнери на Македонија директно без дипломатски ракавици побарале во новата Влада да нема политичари со крупен багаж, луѓе чие име се слуша во „бомби“ или директно се вмешаниво криминални дејствија, а како што слушнавме во предизборието Зоран Заев не е еден од оние кои би биле подобни за странците.

Како што минува времето се по извесно е дека покрај економска, здравствена, образовна, социјална и каква ли уште не криза, Македонија влегува во период на политички премрежја како резултат на резултато од предвремените парламентарни избори каде и опозицијата и власта во македонскиот блок освоија ист број на пратеници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This