Заев: „Нема правда, ако не ја зборувате вистината од почеток до крај“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема правда, ако не ја зборувате вистината од почеток до крај“, рече премиерот Заев одговарајќи на прашањето дали со своето сведочење ги амнестирал учесниците во упадот во Собранието во 2017 година, освен поранешниот премиер Никола Груевски, и подвлече дека за него е најважно да го раскаже она што навистина се случувало и предочи дека постојат факти за целата организација на овој настан и дека за тоа поголем дел од организаторите се веќе осудени и ја одлежуваат затворската казна.

„Законот важи за сите и никако поинаку“, подвлече Заев во вечерашното интервју за емисијата „Трилинг“, на прашањето за започнатиот процес на прочистувањето на судството, додавајќи дека денеска е истакната слободата и транспарентноста и одлуките ги носат само судовите.

„Процесот на прочистување на правосудството веќе се случува и секојдневно сме сведоци за овој процес. Веќе има прочистено седум обвинители или судии во државата“, рече премиерот подвлекувајќи дека политиката нема никакво влијание во овој процес, затоа што тој процес го води Судскиот совет и Советот на обвинители, кои одлучуваат колективно, вклучително Антикорупциската комисија, истражните органи, финансиската полиција, Управата за јавни приходи.

Премиерот Заев подвлече дека овој процес ќе има успех и испраќа порака кон сите оние кои работат, да бидат чесни и одговорни, истакнувајќи дека методологијата ја даде вистинската рамка и насока на овој процес, кој го поддржуваат и очекуваат сите граѓани.

„Граѓаните очекуваат правда, бидејќи тоа е и една од причините да останат тука. За да имаме добра економија, здравствен систем треба да имаме правда“, подвлече Заев.

Претседателот на Владата додаде дека тој, како и сите граѓани, очекува ефикасност, незастарување на предметите, транспарентност, затоа што санкционирањето и пресудата е порака да не се повтори повеќе, за сите останати во државата.

„Затоа направивме сè, покачување на платите, додатоци и до крајот на 2021 година ќе ги зголемиме буџетите на судовите и обвинителството зашто правдата мора да биде ефикасна, ефективна, транспарентна и одговорна“, истакна премиерот Заев во интервју за емисијата „Трилинг“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This