Заев не може да ме замолчи, ќе зборам за нечесното работење

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако е целта да ме замолчат мене или да го замолчат ВМРО-ДПМНЕ, мислам дека грешат, дека си прават контра услуга и мислам дека ова е најлошиот пат кој што го избрале, рече за браќата Заеви потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски по денешното рочиште на кое не се појави тужителот, премиерот Зоран Заев.

Како и во овој случај, Николоски и претходно беше суден за клевета, но претходно од страна на братот, Вице Заев.

Она што исто така е забележително и во претходниот и во овој случај е дека, како што не се појави Вице Заев на рочиштето на кое ме тужеше за клевета, на ист начин денес Зоран Заев не се појави на рочиштето на коешто ме тужи за клевета, напротив избра да испрати адвокат од најскапата адвокатска канцеларија во Македонија, а јас еве повторно решавам да се бранам сам затоа што веројатно онаму каде што е вистината нема потреба од адвокати, а онаму каде што не е вистината има потреба од скапи адвокати. Благодарам и се надевам дека во овој судски процес ќе ја докажам вистинитоста на мојата изјава, рече Николоски.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/245777633500598

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This