Заев не може да се справи со кpизaтa, неговите експерименти скапо чинат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија поради лажната нормалност на Зоран Заев и СДСМ стана црн рекордер во регионот по смртност и заразеност од корона вирусот на милион жители. Поради нивната неспособност во Македонија никој веќе не знае дали сме во втор или трет бран, од проста причина што месец дена бројот на заразени секој ден е троцифрен, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Последните бројки говорат дека за едно деноноќие има 137 нови случаи и 10 починати. Црните бројки ближат до 10 илјади, што е 5 пати повеќе од прогнозите на Филипче додека неговата партија на терен вршеше предизборен поткуп. Ова што се случува е катастрофа и здравствена и економска. Премногу скапо чини неодговорната власт на Заев. Ниту граѓаните, ниту економијата нема сила да се справува со експериментите на Заев и СДСМ, бидејќи покажаа дека ниту знаат, ниту можат да се справуваат со целата криза. Секој живот и секое работно место е важно да се спаси и тоа може да се направи само ако Заев не е на власт во Македонија, стои во нивното соопштение до јавноста.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This