Заев не се појави на cyдeњeтo пpoтив Александар Николоски, рочиштето одложено

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев не дојде на рочиштето закажано по негова тужба за клевета и навреда во Основниот суд во Скопје против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Николоски забележи на повеќе процесни грешки при доставување на тужбата, како и лимитираната можност за состав на одговор на тужба.

Со ова е повредено правото на одбрана на тужениот.

Во поканата за одговор на тужба, се вели дека има доказ ЦД насловено како „Рекет“ кое не било доставено на одбраната, поради што одбраната ја темелев само на основа на тужбата, рече Николоски.

Во тужбата е наведен само дел од изјавата на Николоски, веројатно само оној дел кој тужителот ценел дека е во негова полза, потенцираше потпретседателот на опозициската партија, кој побара прикажување на целата снимка за да се согледа контекстот на неговата изјава.

Рочиштето се одложи за 20.11.2020 во 09.00 часот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This