March 29, 2024, 12:36 am

ЗАЕВ : Нова лидерска средба може да се одржи најдоцна до крајот на месецот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали има комуникација со лидерот на опозицијата и дали ќе има нова лидерска средба, одговори дека немаат директна комуникација и дека верува оти ќе се одржи лидерска средба, заради тоа што можноста за одржување на лидерска средба навистина е до истекот на вонредната состојба.

Заев вели дека кога ќе помине вонредната состојба останува неизвесноста дали ќе има нова лидерска средба или не.

Според Заев, се што може да се направи на планот околу договор е до 30 мај и доколку нема прогласување нова вонредна состојба од 31 мај почнуваат да течат 22 преостанати денови од изборните рокови за да се одржат изборите на 21 јуни.

Прашан дали се уште останува на изборите да се одржат на 21 јуни или пак е можен некаков компромис доколку Комисијата за заразни болести смета дека е премногу рано, Заев одговори дека доколку здравствените власти и здравствените експерти кажат дека е премногу рано, тогаш таа одлука ќе се почитува до крај.

Тој додаде дека СДСМ сака да постигне договор со опозицијата и со сите учесници на изборите.

Остануваме отворени се додека можеме, а тоа е 30 мај, до завршувањето на вонредната состојба и доколку нема нова вонредна состојба не зависи од Заев, Ахмети или Гаши, кои сме владеачки партии, не зависи од нас, зашто се работи за устав и закон. Уставот и законот мора да бидат испочитувани, бидејќи во демократска држава тоа е приоритет. И доколку не се испочитувани било кој граѓанин може да ги предизвика пред Уставниот суд и резулатите од изборите и нашата изборна победа. Се што ќе правиме е во рамките на уставот и законот – изјави Заев.
Тој уште еднаш апелира за трезвеност и да се прифати одговорноста од страна на опозицијата и да се постигне договор изборите да се одржат во најбрзо можно време, односно пред почетокот на летото.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This