ЗАЕВ ОД КУМАНОВО ИСПРАТИ НИЗА НАВРЕДИ: Македонскиот народ бил виновен, соседите биле во право!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заев на митингот на СДС во Куманово изјави дека Македонија била во кавга со сите пет свои соседи, дека нешто не чинело дома, и дека проблемот бил во нас. Тој изјави дека за само три месеци успеал да создаде пријатели насекаде во светот, нагласувајќи дека сега Бугарија е сојузник број еден на Македонија.

Зоран Заев не само што е единствениот премиер во Европа, кој е фатен на дело како бара поткуп од 200.000 евра, туку тој е и единствениот премиер на кој распродавањето на државните и национални интереси му претставува гордост!

Тој изјави дека за само три месеци успеал да создаде пријатели насекаде во светот, нагласувајќи дека сега Бугарија е сојузник број еден на Македонија. Очигледно на Заев се уште не му е јасно дека „бугарското сојузништво’’ е сосема очекувано и нормално, зашто произлегува од задоволството на Софија од содржината на договорот со кој си ги штити своите државни и национални интереси, што не е случај и со Владата на Заев. За него заштитата на националните и државните интереси е „шпанско село”.

За само три месеци Заев успеа да го потпише штетниот договор со Бугарија, со што го отпиша македонското малцинство во Бугарија. Заев се согласи да прими 150 000 илјади бегалци со што ќе ја измени демографската слика на населението во земјава и економски ќе ја доведе во прашање егзистенцијата на нашето население.

Заев даде согласност, по примерот со бугарската, и грчката влада да интервенира во македонските учебници по историја, што подразбира и забрана на користење историски мапи во македонските училишта, факултети и научни институции. Со оглед на фактот дека при потпишувањето на договорот со Бугарија, со кој Заев македонскиот идентитет го сведе на постоење од 1991 година, па наваму, може да се претпостави дека македонските ученици историјата на Македонија пред 1991 година ќе ја изучуваат во т.н. „заедничка историја“ која ќе биде испишана од нашите соседи.

Македонските историчари ќе имаат ингеренции само на периодот од 1991 година во кој Македонците немаат никаква допирна точка со територии, кои се надвор од Република Македонија.

Очигледно Заев ниту знае, ниту разбира, ниту прави разлика помеѓу идентитетот на македонскиот народ и неговата државност.

Подготвен ли е Заев да го повтори истиот говор на 11 октомври во Куманово на денот кога пукнала првата пушка?

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This