ЗАЕВ ПАК СИ ПЛУКНА НА КАЖАНОТО: Прво ветуваше почеток на преговори за членство во ЕУ, сега ќе работел на тргање на условената препорака

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев ги релативизира ветувањеата дадени пред и после изборите. Ако тогаш тврдеше дека прва задача на Владата ќе била да почнат преговори мза членство во ЕУ, сега Заев го менува ставот и вели дека прва задача на новата влада ќе била да ја тргне условената препорака од ЕУ.

По денешната средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар, Заев рече дека ќе направеле се’ за ЕУ да ја тргнеле успловената препорака.

– Целта е да ја тргнеме ако може условената препорака, ако даде господ со добра работа преку реформите и со посветеност на сите во земјата, и власт и опозиција, да овозможиме надеж дека ќе почнеме преговори со ЕУ час поскоро, рече Заев.

За разлика од ова што сега го говори, Заев кон крајот на месец март тврдеше дека еврокомесарот за проширување Јоханес Хан му ветил отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, односно отворање на поглавјата 23 и 24 доколку брзо се формирала влада.

– Пораките од Брисел се многу јасни и никој не може да ги занемари, ЕK не се откажува од земјата и има позитивни намери со неа, Хан најави претпристапен дијалог со поглавјата 23 и 24, но ние мора да ја сработиме работата институциите да се фатат во нормала, изјави Заев на 22 март.

Откако владата е формирана, Заев сега веќе не говори за почеток на преговори како што тврдеше, туку прва задача на новата влада ќе било тргање на условеноста, со што ги менува и релативизира своите ветувања. Почнувањето на преговорите за Заев сега е само надеж.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This