ЗАЕВ СЕ ОБИДЕЛ ДА ГИ ИЗМАМИ АЛБАНЦИТЕ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ:Странците ја смируваат тензијата во владината коалиција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

 Од извори на ДУИ, но потврдени и од други партии на Албанците дознаваме дека и покрај цврстите гаранции кои Зоран Заев ги даде на албанските партии дека по формирањето на Владата веднаш ќе се донесе Законот за јазиците во форма во кој што бил ветен, согласно неговиот карактер се обидел да ги измами и да го пролонгира за по локаните избори.

Тоа предизвикало сериозна реакција кај нив, бидејќи процениле дека без тој закон тие тешко ќе можат да очекуваат успех на локалните избори.

Во ДУИ процениле дека нема да можат да го издржат притисокот од БЕСА, но и гласачите. На крајот Али Ахмети силно му се налутил на Заев и му се заканил со рушење на Владата преку барање нејзина доверба или друга форма. Укажал дека тој влегол во ризик со тоа што напуштил коалиција која носеше резултати, работни места, фабрики и дека тоа мора да го компензира сега.  Во ваквата преписка се вклучиле преставници на меѓународната заедница за на време ја смират тензијата и почнале со притисок и на двете страни.

Притисокот кон Ахмети бил во насока дека поголем интерес е да се затворат прашањата со Грција и Бугарија за што им е потребна силна СДСМ и СДСМ која ќе го победи ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори и со тоа ќе предизвика смена на раководството и доаѓање на ново раководство кое ќе влезе во заедничко решавање на името со СДСМ или во најмала рака ќе го одмолчи тоа. На Ахмети му било укажано дека во периодов Заев  веќе има еден голем проблем за решавање и попуштање, а тоа договорот со Бугарија, важен за патот кон ЕУ, и дека двата проблеми ќе му дојдат многу за еден период.

Од друга страна кај Заев настапиле со приказна дека ДУИ е во ,,слободен пад со рејтингот“ и дека ако не се донесе законот ќе загубат од БЕСА на локалните избори, што не го посакуваат бидејќи сметаат дека БЕСА е под делумно влијание на Турција и Ердоган.

На Заев му било посочено дека на Ахмети треба да му се помогне, и дека тој ќе возврати со поддршка во вториот круг на локалните избори особено во Скопје и Куманово.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This