March 29, 2024, 10:05 am

ЗАЕВ СЕ СРЕТНА СО ХАВИСТО: Силна поддршка за проширувањето на ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто, на која била изразена поддршка за проширувањето на ЕУ, како и силна поддршка од Финска, којашто претседава со Европскиот совет за позитивна одлука во октомври на Самитот на Унијата, од кој нашата земја очекува датум за почеток на преговорите со Европската Унија.

На состанокот, се вели во соопштението од владината Прес-служба, е констатиран прогрес во областа на владеењето на правото во нашата земја и е изразена поддршка тој процес да продолжи. Хависто истакнал дека Финска има големо почитување кон Договорот во Преспа, како решение на билатерално прашање постигнато на мирен начин.

Премиерот Заев, придружуван од вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, се заблагодарил за пријателството и искрената поддршка од Финска на Република Македонија и на евроинтеграциските процеси, посебно во периодот на очекуваната важна одлука за нашата држава.

Денешната средба е историска бидејќи се случува во моменти кога Финска претседава со Советот на ЕУ, а Република Македонија, за 15-тина дена, очекува од Советот на ЕУ силна и јасна позитивна одлука за почеток на преговорите со Европската унија. Ги направивме важните реформи низ консензус со опозицијата, ги решивме билатералните прашања со соседите преку редок пример на договор и политики на дијалог и решенија, цврсто сме определени кон почитувањето на европските вредности. Придонесуваме во развојот на регионалната соработка којашто резултира со развој на трговијата, бележиме раст на економијата, нови инвестиции, нови работни места, повисоки плати. Испорачавме резултати и сметаме дека како земја заслужуваме ЕУ да возврати со позитивна одлука којашто ќе биде мотивација да продолжат позитивните промени дома, а тоа ќе биде и добра порака за евроинтеграциските перспективи на регионот, рече Заев, се вели во соопштението.

Заев посочил дека нашата држава е определена и кон примена на добрите европски практики во конкретни области што се применливи во земјава и во таа насока соопшти за определеноста за примена на успешните фински искуства во образованието, како и успешните практики од нордиските земји во областа на иновациите, дигитализацијата, новите технологии.

На средбата заеднички е констатирано дека се значајни и ќе продолжат твининг програмите со Финска поддржани од ЕУ во нашата држава.

Нагласено е, се вели во соопштението, дека Финска не е земја членка на НАТО, но тесно соработува со Алијансата и со земјите членки и се очекува, полноправното членство на Република Македонија во Пактот, да придонесе во безбедноста и стабилноста на државава, но и да отвори можности на зајакнување на соработката на овој план помеѓу двете држави

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This