ЗАЕВ УПОРНО МОЛЧИ: Јасно е дека амнeстијата е посакувана опција за премиерот во заминување и неговата влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција потенцираше дека молкот на власта за барањата на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека амнeстијата е посакувана опција за премиерот Зоран Заев.

-Ќе констатирам дека поминуваат точно 24 часа од последниот мој јавен настап каде отворено побарав од Заев и власта да се согласат да овозможиме законски измени со кои политичари кои биле амнcтирани нема да може да се занимаваат со политика, и да не може да се aмнeстираат луѓе кои обавувале јавна функција и имале политичка позиција, а кои се огрeшиле со законот, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој подвлече:

„Само ќе нагласам дека Заев кого вчера го видовме на снимено видео обраќање од кое чувме како се колне во правдата, и со оглед на тоа колку ревносно ја креваа измaмaта со амнecтијата изминатите денови, денес наспроти сето ова ќе констатирам дека има молк и се уште ги немаат прифатено овие наши барања. Сето ова укажува дека амнecтијата како пракса станува посакувана опција за веќе еднаш амнeстираниот Заев и неговите луѓе.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This