March 28, 2024, 11:32 am

Заедно сме во оваа биткa за да не дозволиме да изгacнe и последната иcкpa нaдeж за Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за пратеник и носител на ИЕ 1 на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, се сретна со носителот и кандидатот за пратеник на ИЕ 5, Игор Дурловски на доручек за да разговараат за обновите на Македонија. Таа вети дека достоинството на Македонија ќе и се врати и ќе се стави крај на изгубеното.

Силјановска на својот фејсбук профил напиша:

„На границата меѓу изборна единица 1 и изборна единица 5 на едно прекрасно место во недопрената македонска природа долж реката Треска, се сретнавме со Игор Дурловски на доручек.

Македонија многу ни дала нам, сега е време ние да и вратиме нејзе.

Игор е еден од нашите најголеми културни амбасадори. Македонија ја претставувал секаде по светот, во најубаво светло.

Голем домољубец што е најважно.

Заедно сме во оваа битка за да не дозволиме да изгасне и последната искра надеж за Македонија. Да го вратиме изгубеното и да создадеме ново! Да го обновиме нашиот заеднички дом!

Ова е последна шанса за сите нас и за Македонија! Или ќе ја обновиме Македонија и ќе си го вратиме назад достоинството или ќе бидеме сведоци на конечниот крај.

Јас и Игор ве повикуваме на 15-ти јули да заокружиме 14 и заедно да ја исправиме Македонија“, напиша Силјановска.

На границата меѓу изборна единица 1 и изборна единица 5 на едно прекрасно место во недопрената македонска природа долж…

Posted by Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова on Saturday, July 11, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This