ЗАКОНИТЕ НЕ МУ СЕ СИЛНА СТРАНА НА ЗАЕВ: Брзи избори во јуни би го прекршиле изборниот законик

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Законот не дозволува брзи избори во јуни. Брзањето на власта со изборно одмерување во ек на пандемија, покрај тоа што може да биде опасно по здравјето на луѓето, се коси и со изборниот законик. Доколку се прифати барањето на Заев и изборните активности продолжат онаму каде што застанаа пред вонредната состојба, се прекршува членот 7 став 2 од изборниот законик. Таму се вели дека кандидат за пратеник може да биде секој деловно способен државјанин на Македонија со полни 18 години. Што значи доколку нема нови кандидатски листи, лице кое по 12 април станало полнолетно, доколку сака нема да може да се бори за место во Собранието, иако законот му го дава тоа право, вели за Алфа првиот човек на ДИК, Оливер Деркоски.

-Ние ќе се доведеме во ситуација да му одземеме право на некој граѓанин да се кандидира за изборите, да му одземеме право на други граѓани кои што во меѓувреме се организирале и сакаат да соберат потписи да поднесат кандидатска листа или да одземеме право на некоја нова парија да се кандидира за изборите, изјави Деркоски.

Деркоски вели не се доволни овие 22 дена кои се останати за организација на изборите, вели многу процедури треба да се повторат, а дека избори во јуни би биле нелигитимни.

-Сите тие податоци со барањата за запишување во избирачкиот список на граѓаните за време на јавниот увид го заклучуваме тој избирачки список, тоа е целата операција на која што јас постојано апелирам и кажувам дека е во закон пропишана со законски пропишани рокови и без тоа не треба никој да помислува на избори, изјави Деркоски.

Од СДСМ се децидни дека избори мора да има во најбрз можен рок, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека за време на пандемија, кога секојдневно се бројат нови случаи од коронавирусот, а за жал има и смртни случаи за избори не смее да се помислува.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This