Законот за продажба на македонското земјоделско земјиште значи класична распродажба на македонско земјиште и создавање на нови олигарси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мислам дека вечерва е беспредметно да дискутираме за вакво законско решение затоа што ова ќе биде практично класична распродажба на македонското земјоделско земјиште, односно создавање на нови олигарси, вели Цветан Трипуновски, претседател на Републичката комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство во гостување во емисијата Топ тема на ваша страна на телевизија Телма.

Трипуновски нагласи дека самиот закон има недостатоци кои што може да значат злоупотреба и манипулација со продажба на државното земјоделско земјиште, како и дека согласно членот 5 од законот се овозможува по истекот на 10 години истото да се продаде или да се пренамени во градежно земјиште.

Има многу скриени моменти во овој закон каде што се дозволува злоупотреба односно манипулација со ова наше природно богатство. Значи зборуваме за земјоделско земјиште кое што е необновлив извор. Членот 5 од Законот за земјоделско земјиште вели дека по истекувањето на 10 години истото може да биде продадено, дарувано, разменето, дадено под концесија за геолошки истражувања или експлоатација на минерални суровини и пренаменето во градежно земјиште. Тоа пластично значи дека ако некој си купи 10хектари државно земјоделско земјиште по овие багателни цени кои што се предвидено во законот, по истекот на 10 години кои што е премногу краток период и истото може да го продаде или да врши експлоатација итн, рече Трипуновски.

Според Трипуновски, никаде во законот не е предвидено ограничување за кое што министерот за земјоделство Аријанит Хоџа зборува.

Никаде во законот, поточно во членовите нема ограничување. Вие сами се демантирате во вашата изјава. Ќе ми дозволете да го цитирам член 5, став 1 во кои се вели дека земјоделското земјиште во државна сопственост продадено согласно овој закон, не може да биде продадено, дарувано, разменето, дадено под концесија, геолошки истражувања или експлоатација на минерални суровини или пренаменето во градежно најмалку 10 години од денот на склучување на овој договор за продажба. Што значи во тие 10 години имате ограничување, но после тие 10 години што правиме? И никаде во законот нема ограничување, што значи дека во другите закони во нашата држава каде што има ограничување се наведени согласно кои закони има ограничување, овде во овие 40 и неколку члена не видовме ограничувања дека тоа е забрането, додаде тој.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This