ЗАРАДИ НEПOЧИТУВAЊE НА ПРОТОКОЛОТ ЗА РАБОТА НА УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ: ДПИ поднесе kpивични пријави за пет кафеани во Струга, Кочани и Маврово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Засилени контроли од страна на инспекторатите за време на продолжениот викенд. Денеска до 16 часот, Државниот пазарен инспекторат поднел вкупно пет кривични пријави, од кои три во Струга и по една во Кочани (Пониква) и во Маврово, соопшти Владата.

Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за транспорт, Државен трудов инспекторат и Управата за јавни приходи во текот на продолжениот викенд работат интензивно на терен и вршат контрола на начинот по кој се спроведуваат протоколите пропишани од страна на здравствените власти за заштита од коронавирусот, се вели во соопштението од Владата.

Пазарните инспектори се во засилена контрола во туристичките места во државата и вршат надзор на спроведувањето на владините мерки.

Државниот пазарен инспекторат денеска до 16:00 часот поднел 5 кривични пријави за непочитување на протоколот за работа на угостителските објекти во услови на ковид-19 од кои 3 во Струга, една во Пониква, Кочани, и една во Маврово. Исто така, денеска инспекторите на Државниот пазарен инспекторат поднеле и четири прекршочни пријави за утврдени неправилности при работењето на угостителски објекти, се вели во соопштението.

Државниот инспекторат за транспорт од направените надзори денеска во Штип, Тетово и Велес не утврдил прекршувања. Констатирано е дека во целост се почитуваат владините уредби.

Од страна на Државниот инспекторат за труд се донесени 4 решенија и 3 укажувања на работодавците за носење заштитни маски, заштитни ракавици, користење средства за дезинфекција, проветрување, ослободување на вработените од ризичните групи. Побарано е веднаш да почнат да се придржуваат кон препораките на Владата, се вели во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This