ЗАТВОРЕНА „ЈАВНА СОБА“: Порнографската група на „Телеграф“ во која имаше 7000 членови е избришана

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Јавна соба е затворена“. Порнографската група на „Телеграм“ во која имаше над 7.000 членови повеќе не постои, откако се крена фама за фотографиите и видеата од девојки од Македонија. Избришани се сите членови, откако администраторот на групата самиот се пријави во полиција, а две девојки го пријавија случајот. Членовите на групата бараа разголени фотографии од девојчиња, а бараа и фотографии од девојки со конкретни имиња и презимиња.

Министерство за внатрешни работи, сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика, во координација со СВР Скопје изврши идентификација на сопственикот на групата „Јавна соба“ со иницијали Д. К. од Скопје и на еден од администраторите на групата со иницијали М. П. од Скопје. Во текот на истрагата преостанува да се утврдат другите лица што имале администраторски и модераторски улоги во групата, информираше вчера полицијата.

МВР најави дека во соработка со надлежниот јавен обвинител од ОЈО, ќе се направат дополнителни консултации и ќе бидат презентирани доказите со кои располагаат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This