Затоа паѓаат бројките: Затворени пунктовите за тeстирање бидејќи немаат тeстови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема брзи тестови за Ковид-19 во пунктовите во скопските поликлиники. Од здравствен дом за Сител потврдија дека последните три дена поради немање на материјали за тестирање екипите не работат. Но кога ќе добијат, оваа услуга повторно ќе им биде достапна на граѓаните. Реагираат и матични лекари кои за Сител потврдија дека воопшто нема термини за закажување и нивните пациенти кои имаат симптоми на вирусот или чекаат или, пак, одат во приватни лаборатории. Со ова тестирање резултатот е готов за 15 минути и позитивните на ковид веднаш влегуваат во системот. Дневно во скопските пунктови правеа околу 400 тини тестирања. Министерот за здравство, пак, вели, залихи има.

Може да се потрошат, меѓутоа има залихи, ако не со пренамена од еден пункт во друг, тогаш од централниот магацин ќе добијат, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Со воведување на брзите тестови во Здравствен дом Скопје, повеќе од 6 месеци без прекин работат и пациентите помалку чекаат за тестирање.

Дека бројот е намален покажува и дневната статистика од ИЈЗ. Вчера имало 686 распид тестови или двојно помалку од стандардниот просек. До пред една недела се правеа околу 1200 тестирања во едно деноноќие. Со ова се намалува и дневниот број на направени тестирања а тоа пак може да влијае на бројката на новодијагностицирани со корона. Освен во Скопје и во Прилеп најавуваат дека имаат брзи тестови за уште десетина дена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This