Затуроска до новите пратеници: Бидете достоинствени, непоткупливи, цврсти и свои, секогаш подготвени да одговорите на сите предизвици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Собраниската конститутивна седница помина и денес се верифицираа мандатите на новоизбраните пратеници. Цврсто верувам дека новите пратеници, во овој мандат, ќе изнајдат соодветни механизми за издигнување на пратеничката функција и поставување на пиедестал кој и законски и припаѓа, недозволувајќи да биде деградирана институцијата пратеник преку низа невистини и инструменти за поткусурување и омаловажување, порача Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Да бидеш народен избраник е повеќе од доверба и огромен аманет, затоа еден искрен апел до новите пратеници: Бидете достоинствени, непоткупливи, бидете цврсти и свои, секогаш подготвени да одговорите на сите предизвици кои, верувајте, никогаш не се лесни туку напротив се многу тешки и непредвидливи. Ви посакувам спокоен мандат со многу одлуки кои ќе бидат во прилог на сите граѓани на Република Македонија и во насока на зачувување на нејзините нишани во целост, порача таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This