April 20, 2024, 11:09 am

За да им се стави крај на кpиминaлoт, кopyпцијaтa, нeпрaвдитe и пoнижyвaњaта, мора да се стави крај на владеењето на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изборите на 15 јули ќе бидат денот кога народот ќе ги казни поразите, криминалот и корупцијата на Зоран Заев. Овие три години мафијашка власт на Заев ја осиромаши Македонија. Јавноста го виде хибридниот режим на СДСМ на дело, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сите видоа и слушнаа дека Заев се пазарел со правдата. Диктирал решенија за истражни постапки, носел трас-трас одлуки во правосудството со кои селективно паѓале судски постапки.

Сите видоа и слушнаа дека со милиони евра, со чанти Луј Витон или снопчиња пари се разнесувале рекетирани пари, за кои има сведоштво дека завршувале кај Заеви.

Сите слушнаа и видоа дека Заеви и СДСМ биле во коалиција со подземејето, па така неистомислениците на Заев ако не добиеа монтиран судски процес ќе им беше запалено возило со амин на Заеви.

Народот виде дека додека сите осиромашуваат фрчеа лиценци, концесии и тендери на луѓето блиски на Заев. Поради тоа економијата најмногу трпеше. Растот на БДП беше убедливо најнизок во регионот, а Македонија стана приватен пашалук на Заеви. Тие одлучувале кој може, а кој не да води бизнис во државата. Јавниот долг порасна над 50%, а до крајот на годината се очекува да достигне 60% од БДП, односно нов долг од 1,5 милијарди евра. Ги потрошија најголемите буџети во историјата на Македонија, а ништо не изградија. Нема ни нови училишта, ни клинички центар, ни студентски градови, ни 600 километри нов автопат. Се што ветија во 2016-та се излажаа. Реализацијата на капиталните инвестиции им беше под 50% во текот на целиот мандат

Крвавите тендери, РЕК Битола, плантажите со Марихуана, Фондот за иновации и десетици други коруптивни скандали ја искачија Македонија на врвот по корупција во Европа.

За жал Македонија поради неодговорноста на власта на Заев е црн рекордер и по други параметри. Епидемијата со корона покажа дека политикантството на Заев го урнисало здравствениот систем, па така сме на неславното прво место во цел регион по смртност и број на заразени на еден милион жители.

Достоинството на граѓаните беше поразено, а беа раскрчмени националните и државните интереси. Понижувањата, неуспесите и поразите станаа секојдневие.

Тоа мора да прекине. Народот ја препозна Обновата на Македонија и масовно ќе ја даде својата поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, за конечно вирусот Зоран Заев да биде победен.

СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This