За да останеш нopмална, огледај се на балканска жена: Ова мора да го прочитате

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Балканската жена е имагинативна, и целиот свет е секогаш со неа: кинескиот пазар може да биде Пета авенија за неа, турските гаќички на пазарот се Викторија Сикрет за неа, од разгазените минатогодишни чевли ќе го одвлече вниманието со ставање на повпечатлив кармин, а торбата полна со сметки за струја, ќе ја носи со насмевка.

Ви донесуваме феноменален текст на Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ кој ја опишува просечната жена од овие простори како пример за тоа како да се остане позитивен, среќен и што е најважно – нормален!

„Ако вашата држава ве измачува, ве загрижува, предизвикува нервоза, страв и ве тера да ја изгубите смислата на животот, да паднете во депресија и не гледате излез – има само еден совет што дава резултати: огледајте се на балканската жена.

Таа е херој. Ова не е феминистичка приказна, ова се факти:

Погледнете наоколу и ќе видите армија феноменални и сè уште насмеани, добро облечени и негувани жени кои и покрај сè успеваат да ја најдат смислата на животот, гушкаат деца, готват ручек, одат на работа, поправаат и раскреваат по дома и легнуваат, сонувајќи како хероините од романтични бестселери, дека утре е нов ден и дека ќе биде подобро.

Балканската жена е имагинативна, и целиот свет е секогаш со неа: кинескиот пазар може да биде Пета авенија за неа, турските гаќи на пазарот се Викторија Сикрет за неа, од разгазените минатогодишни чевли ќе го одвлече вниманието со ставање на повпечатлив кармин, а торбата полна со сметки за струја, ќе ја носи со насмевка.

Таа знае да направи мусака од 300 грама месо за четиричлено семејство, знае да смисли рецепт за торта од две јајца и да го разбие сивилото на денот со букет зимски рози.

Таа го креира и „осмислува“ животот и затоа е вистински уметник.

Ако не сте разбрале, балканската жена не се предава. Таа ќе измисли море на Ада Циганлија, ќе ги измеси сите јужни острови од леб и ќе нареди тегли ајвар како што другите жени редат накит.

Затоа што таа сфаќа.
Од самиот живот, многу поважно е како го интерпретираме и толкуваме.“

извор:zenskikutak.rs/ Mirjana Bobić Mojsilović

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This