ЗА КАКВА СОЛИДАРНОСТ ЗБОРУВАМЕ?: Платите од неколку илјади евра остануваат нечепнати, ќе кратат од тие што земаат 400 евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 100.000 семејства ќе бидат погoдени од мерката за кратење на плати во администрација со што средната класа ќе се сведе на cиромаштија, изјави во Топ Тема на Телма телевизија поранешниот советник во министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ.

„Не слушнав економист што ја поддржа оваа мерка. Читав периодов интервјуа и изјави од неколку економисити и Ванчо Узунов и Петар Гошев и Беџети. Сите тие беа против таа мерка затоа што има повеќе причини. Не може да зборувате за солидарност, односно во име на солидарност да кратите плати на тие што земаат по 400 евра плата, а да ги оставате оние што земаат плата од неколку десетици илјади евра.“ вели Јовановиќ

Тој потенцираше дека највисоката плата во оваа држава е 250.000 евра месечно и таа плата сега останува нечепната и дека има над 250 лица од оваа држава кои имаат плата над 10.000 евра месечно кои исто така остануваат нечепнати.

„За каква солидарност зборуваме ако на нив ништо не им правите, а им кратите плата на оние што имаат 400 евра. Вие имате фирми во оваа држава што имаат добивки од стотици милиони евра на нив ништо не им правите, а им земате на оние кои работат во kpизата и земаат плата од 400 евра. Имате околу 200 фирми во државава што имаат добивки од ореку милион евра и на нив ништо не им правите, дури и некои прифитираат во kpизата, а им земате пари на работниците. Значи толку за солидарноста и праведноста“ нагласи Јовановиќ.

Јовановиќ истакна еден од основните постулати за спрaвување со секоја kpиза е дека треба да стимулирате потрошувачка, односно ако сакате економската активност да ја поттикнете мора да стимулирате потрошувачка.

„За да стимулирате потрошувачка треба да пуштите пари во оптег, треба да луѓето да им давате пари. Вие ако кратите плати во јавна администрацијат вие правите тие помалку да трошат и вештачки ја продлабочувате економската kpиза. Тие помалку ќе трошат, а економската активност ќе се забавува. Трето станува збор за околу 100.000 лица кои ќе бидат опфатени со таа мерка, а тоа значи ќе имате 100.000 семејства кои ќе бидат погoдени од оваа kpиза, ја погаѓате средната класа и ја сведувате на cиромаштија.“ рече Јовановиќ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This