ЗА ЛЕПЧЕ: Кадарот од СЈО од кој произлезе „Peкет“ со новиот закон ќе биде вдомен во ОЈО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стручните соработници на обвинителите, техничкиот кадар и административците од специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе бидат прераспределени во другите јавни обвинителства, се предвидува со предлог-текстот за законот за Јавно обвинителство.

Во членот 24, се нагласува дека:

Во случај на укинување на Јавно обвинителство, наредбите за ангажирање истражители во тоа обвинителство престануваат да важат и истражителите се враќаат во институцијата од која се упатени во Јавното обвинителство, пишува во членот 24.


Вработените од СЈО, обвинителството на чие чело беше Катица Јанева, со новиот закон ќе бидат вдомени во ОЈО. Јавноста знае дека станува збор за компромитиран кадар, од тимот на обвинетата за рекет, Јанева.

Првоосомничен во Рекет, а сега обвинет е Бојан Јовановски познат како Боки 13. За неговата соработка со екс-премиерот Зоран Заев секојдневно испливуваат докази на виделина.

Најново во низата е вчерашната аудио бомба.

„Му требаат пари за тоа телевизијата и само прави некои комбинации… Ние на неколку пати така му помогнавме во телевизијата, главно за маркетинг, тоа беше уште порано лани октомври-ноември 2018-та година“.

Овие зборови на екс-премиерот Зоран Заев вчера одекнаа од говорницата на Собранието откако како аудио бомба ги пушти пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

На снимката може да се чуе како Заев јавно признава дека ја помагал телевизијата на Бојан Јовановски.

Во аудио записот, Заев вели дека помошта била во пари, поточно околу маркетингот на телвизијата, но и дека Бојан Јовановски земал пари од бизнисменот Силјан Мицевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This