За него нема kpиза: Богатството на Марк Закерберг се зголеми на 100 милијарди долари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Богатството на основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, порасна на 100 милијарди американски долари откако социјалната мрежа започна нова услуга за кратки видеа, пренесува BBC.

Завчера, компанијата ја промовираше Инстаграм Рилс, конкурент на koнтроверзната кинеска апликација TikTok.

Акциите на Фејсбук вчера скокнаа за повеќе од 6 проценти. Уделот на Закерберг е 13 проценти.

Тој им се придружи на основачот на Амазон, Џеф Безос и Бил Гејтс од Мајкрософт во супербогатиот клуб со средства од повеќе од 100 милијарди американски долари.

Шефовите на технолошките гиганти во последно време се наоѓаат под лупа заради постојаниот раст на моќта и личното богатство на нивните компании.

Фејсбук, Амазон, Епл и Гугл се меѓу компаниите кои најмногу искористиле од кaрантинот поради пaндемијата на коpонавирус, бидејќи сè повеќе луѓе купуваат, се забавуваат и се дружат преку Интернет.

Богатството на Закерберг се зголеми за повеќе од 22 милијарди долари оваа година, а повеќе од 75 милијарди долари се зголеми богатството на Безос, според податоците на Блумберг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This