ЗА ОНИЕ ШТО ИЗБЕГАА НА ВРЕМЕ: Временска прогноза за продолжениот викенд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на следните денови, нашата територија ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ, исклучок ќе биде сабота кога ќе биде малку посвежа. Максималните дневни температури на воздухот понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени. Понатамошен пораст на истите ќе имаме од недела кога ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

Сепак и покрај ова, атмосферата нема да биде во целост стабилна па така утре попладне и навечер, особено на запад ќе има услови за локален дожд. На повеќе места ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен правец. Во сабота пак особено од пладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Потоа од недела во претпладневните часови ќе има повеќе сончеви периоди, додека во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, а ќе има услови и за локална појава на град.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This