ЗА 24 ЧАСА ТЕСТИРАНИ 40 ИЛЈАДИ ЛУЃЕ: Бројот на пoчинaти од Koвид-19 во Турција се зголеми на 1.769

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Турција во последните 24 часа од Ковид-19 починале 126 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се искачи на 1.769, јави агенцијата Анадолија.

Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на прес конференција по состанокот на Научниот совет во врска со коронавирусот, нагласи дека се регистрирани нови 4.353 случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени во земјата се зголеми на 78.546. Коџа информира дека досега 8.631 пациент е излекуван од овој вирус.

Турскиот министер рече дека во последните 24 часа биле извршени 40.270 тестирања, додека вкупниот број на извршени тестирања во земјата изнесува 558.413. Коџа рече дека моментално 1.845 пациенти се наоѓаат на интензивна нега.
Бројот на починати од Ковид-19 во Турција се зголеми на 1.769

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This