ЗДРАВСТВО НАБАВУВА ЛЕКОВИ ОД ПАРАЛЕЛЕН УВОЗ: Тендери со класичен непотизам и судир на интереси!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ на чело со министерот за здравство Венко Филипче си протна тендер за паралелен увоз на лек за леукемија, каде што е очигледен судирот на интереси.

Еклатантен пример на судир на интереси и непотизам – тендерот го добива фармацевтската компанија „Пановски“, за клиниката каде што директорка е ќерката на газдата на оваа компанија.

Во неуспешен обид да го прикријат непотизмот, СДСМ наредиле Агенцијата за лекови да го распише и спроведе тендерот, иако директорот самиот тврди во медиуми дека Агенцијата не треба да учествува во набавката на лекови.

Очигледно, намерата на СДСМ била да избегне ќерката-директорка да потпише тендер кој го добива фирмата на татко и, но и покрај тоа јасно е дека се работи за класичен непотизам. Непотизмот е карактеристичен за СДСМ особено на релација директори на установи и фармацевтски куќи. За потсетување, фармацевтската компанија Елбијор е во сопственост на ‘дедото’ на актуелниот директор на Градската општа болница „8 Септември“, Кристијан Костов, а ќерката на газдата на Елбијор е докторка која Владата на СДС ја постави за директор на Геронтолошкиот завод а потоа беше експресно сменета.

Во Здружението на болни од хронична миелоична леукемија(ХЛМ) се шокирани што на тендерот добил лек од паралелниот увоз.

„Не сме информирани, не знаеме ништо за ова“, кратко одговори Пепо Леви претседател на Здружението за ХМЛ, кое бараше спас за овие болни.

Оригиналниот и докажан лек кој досега се користеше е произведен од „Новартис“.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This