March 28, 2024, 11:46 pm

ЗИЈАДИН СЕЛА: Алијaнса на Албанците не сака нови авантури со СДСМ, СЈО кое штити политички мечки не поддржуваме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Би поддржал закон кој нема за цел да амнecтира некого, туку има за цел постепено да ги гради правото и правната држава. Нема да поддржам закон кој се крои за да се заштитат големи политички мечки во државава, вели Зијадин Села, претседател на Алијансата за Албанците во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Села, на прашањето за коментар на најавената реконструкција на Владата, вели дека во интерес на евроатлантските интеграции неопходно е оддржување предвремени парламентарни избори и враќање на демократијата во општеството и особено во албанската заедница.

На Македонија ѝ требаат предвремени парламентарни избори. Само преку еден изборен процес може да се променат работите и да се движат кон правата насока. Сите аргументи дека не е време бидејќи нели очекуваме датум за Европска унија итн., се аргументи кои имаат за цел да го држат статус-квото во ова општество. Ако имаме предвид дека едно од најважните прашања за Европската унија се реформите во правниот систем, СЈО итн., тогаш веќе да заклучиме дека причината зошто можеби нема да добиеме датум е фактот што ДУИ е внатре во коалиција со СДСМ и тоа е факторот кој оневозможува да се случуваат вистински реформи од правниот аспект тука во Република Северна Македонија. И имајќи предвид дека изборите конечно ќе ја вратат демократијата во албанското општество и ДУИ ќе си замине во опозиција, мислам дека предвремените парламентарни избори ќе го забрзаат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ, вели Села на прашањето.

Алијансата за Албанците, вели Села прашан дали би направил сојуз со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ќе коалицира со оној политички субјект кој ќе ја прифати платформата и програмата на неговата партија,  и притоа посочува дека во моментов не чувстува причина да коалицита во актуелната Влада на СДСМ.

Ние сме конзистентни како политичка партија и кога донесуваме одлука, нашите одлуки се добро размислени. Ако не беше Алијансата за Албанците, тој фактор кој ќе ги сменеше политичките работи во 2017 година, денеска немаше да имаме ниту НАТО, ниту датум за преговори. А што добивме, како ни вратија? Тотално некоректен однос од страна на премиерот по локалните избори 2017. Дали сега ние повторно би се впуштиле во таква авантура? Не. Алијансата за Албанците ќе биде дел од власта кога ќе победи на парламентарните избори. Сега не гледаме причина да се вратиме и да бидеме дел од таа власт. Би се вратиле само преку изборен процес и преку добивање на легитимитет, посочува Села.

На прашањето, пак, за иднината на СЈО, како услов за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ, челникот на Алијанса за Албанците вели дека поддржува само закон кој не амнecтира никого и е во интерес на граѓаните.

Би поддржал закон кој е за добро на граѓаните на Република Македонија. Јас би подржал закон кој нема за цел да амнecтира некого, туку има за цел постепено да ги гради правото и правната држава, тоа ни треба многу како општество и закон кој ќе се крои за да се заштитат големи политички мечки во државава нема да поддржам, заклучува Села.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This