ЗИЈАДИН СЕЛА МУ Е ГЛАВНА НАДЕЖ НА ЗАЕВ ЗА ДА ПРАВИ ВЛАДА : Човекот кој отворено кажува дека не го почитува македонското знаме и никогаш не станал на нозе за македонската химна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зијадин Села од Алијанса за Албанците, која е една од потписничките на Тиранската платформа, му е главна надеж на Зоран Заев на формирање на Влада. Сепак во јавноста останува да лебди прашањето како Заев ќе може да коалицира со Села познавајќи ги неговите децидни ставови околу македонскиот јазик, химна, знаме, идентитет. На Села му пречи се што е македонско и останува на ставот дека потребна е промена на македонското знаме и химна.

zijadin-sela-640x357

Во косовската емисија „Jeta ne kosove“ каде Села гостуваше на 29-ти декември минатата година, по одржаните предвремени парламентрани избори, тој јасно кажува дека потребите на Албанците не се само премиер.

-Како Албанци кои имате освоено толку пратеници колку што освоивте, Вие се наоѓате во позиција да поставите услов на било која партија со што ќе добиете многу повеќе од тоа што е бара во договорот, еве можете и премиер да добиете. Дали ова е многу амбициозно?, го прашува новинарката.

-Не, не е амбициозно, туку е лага. Затоа што потребите на Албанците не се еден премиер кој ќе дава заклетва пред знаме и химна кои сакаме да ги смениме, одговара Села.

Тврдите позиции и ставови на Села не се ништо ново. Во 2015 година, на 18-ти мај Села гостуваше во емисија на националната албанска телевизија TVSH со новинарот Енкел Дема каде јасно посочи дека не може да почитува национална химна која не била гласана од Албанците.

-Лично Вие се немате сликано никогаш со македонското знаме. Јас вчера пребарав на интернет и не ве видов ниту на едно место со македонско знаме, вели новинарот.

-Вистина е. Јавно имам кажано. Има една причина, не сум се сликал никогаш исто како што никогаш не сум станал на нозе за македонската химна. Затоа што, споменав и во еден момент на почетокот на емисијата, не знам дали забележавте, Македонија ја прогласи својата независност врз база на анексирање на правата на една третина од жителите. Како да почитувам една национална химна која Албанците не ја гласале, првиот албански парламентарен состав од 1992 година не го гласаше овој Устав, не го гласаше ниту знамето, ниту химната, одговара Села.

Дополнително, пред само неколку дена коалициониот партнер на Заев истакна дека не постои македонскиот народ, односно дека македонскиот идентитет не постои, а пред 100 години не постоел ниту македонскиот народ.

-Историската реалност на Македонија ја знае целиот свет и е многу апсурдно за еден народ што го нема својот идентитет, во конкретниот случај се Македонците, Албанците биле многу коректнин и им помагале да го градат тој идентитет и сега вие го оспорувате нашиот идентитет. Со пописот од пред 100 години не постои македонски народ, вели Зијадин Села во скандалозната изјава.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This