Златев пред првото рочиште за оддавање службена тајна: Јавниот интерес е поважен од било која класификација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарот и уредник на „Лидер“, Љупчо Златев пред утрешното прво рочиште во судскиот процес за оддавање на службена тајна се огласи на „Фејсбук“

Самиот процес е како од роман на Кафка, ако се има предвид дека ме теретат за оддавање на службена тајна а документите кои ги објавив се класифицирани само како “Интерно” и содржински говорат за огромни политички злоупотреби во Управата за безбедност и контраразузнавање, напиша Златев.

Тој вели дека вина нема да признае, затоа што како што додава, во секоја демократска и слободна земја, јавниот интерес е поважен од било која класификација. Особено ако се има предвид дека се работи за објава за злоупотреби од страна на тајните служби.

Доколку обвинителството сака да покаже прозападни и демократски вредности – треба да го повлече обвинението!, вели Златев.

Каде се претседателот Пендаровски и премиерот Заев да кажат 2-3 збора?, прашува Златев и додава оти устите им се полни со европски перспективи, а во исто време премолчуваат на класичното кршење на слободата на изразување.

Процесот против мене е чисто политички процес, процес со кој на сите новинари треба да им се даде до знаење дека не смеат да објавуваат за кршење на човековите права од страна на службите! За слободата и демократијата во кои верувам јас сум подготвен да одам во затвор, појаснува Златев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This