ЗНАЧАЈНА ПОБЕДА НА КАРПОШ СОКОЛИ ПРОТИВ ФМП

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кошаркарите на Карпош Соколи забележаа значајна победа во дуелот против ФМП со што ги зголемија своите шанси за опстанок во регионалната АБА лига.

karpos-640x294

На натпреварот одигран во СЦ „Борис Трајковски“ во рамките од 21.коло, екипата на Карпош Соколи го победи ФМП со 88-81 дури по продолжението откако регуларниот дел заврши нерешено 75-75.

Кај „соколите“, за кои ова беше шеста победа во низа на домашен терен, најефикасен беше Драган Лабовиќ со 21, додека Доминик Мавра постигна 18 поени.

Вчера се одиграа и средбите Крка – Мега Лекс 73-82 и Морнар – Цедевита 74-79.

Денеска на програмата се три дуели. Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром гостува во Љубљана кај Олимпија на натпреварот кој ќе се игра во терминот од 21 часот.

Претходно ќе играат Игокеа – Задар и Партизан – Црвена Звезда.

Колото ќе биде комплетирано во понеделник со средбата Цибона – Будуќност.

Табела: Црвена Звезда 20-0 (победи-порази), Цедевита 15-6, Партизан 15-5, Будуќност 14-6, Цибона 11-9, Карпош Соколи 9-12, Олимпија 9-11, Игокеа 9-11, ФМП 8-13, Морнар 7-14, Мега 7-14, Крка 7-14, МЗТ Скопје 6-14, Задар 6-14.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This