Политичкиот аналитичар Ивор Мицковски на Фејсбук ја коментира изјавата на премиерот Зоран Заев дека Македонија ќе добие вакцини против ковид-19 од Кина, додавајќи дека вестите од Бразил велат дека ефикасноста на тие вакцини е многу пониска од она што го тврдат Кинезите.
Зоки се пофали дека ќе сме добиеле вакцини од Кина.
Лоши вести од Бразил каде веќе се употребува, ефикасноста е далеку пониска од тоа што тврдат Кинезите, негде едвај 50%.
А исто се пофалија нашите власти кои инаку не можат две вакцини да скрпат, дека граѓаните немало да имаат право на избор која вакцина ќе ја примат.
Ај ќе видиме кој ќе биде таа среќа, ако и тие воопшто дојдат, коментира Мицковски.