ЗОРАН ЗАЕВ ЛАЖЕ ДЕКА СЕ СРЕТНАЛ СО ТРАМП: Заев и свитата го бркале Трамп по ходници, на крајот напрвиле една матна фотографија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската влада веќе неколку дена ја крие информацијата за тоа дали Заев и дефинитивно ќе се сретне со претседателот на САД Доналд Трамп, против кого навиваше, откако замина во Њујорк

 

Според познавачите на приликите, ваквата пракса може да значи три работи. Или се работи за безбедносни причини, или Заев впрочем нема да се сретне со Трамп а ја лаже јавноста, или средбата воопшто не е потврдена.

Од она што можевме да го видиме од кратката и бенигна информација на Владата денес, Зоран Заев, наводно се сретнал со Доналд Трамп, но познавачите на дипломатијата и протоколот коментираат, дека самата фотографија која ја лиферуваа провладините медиуми, всушност укажува на тоа дека Заев воопшто не разговарал со Трамп, или ако разменил неколку збора, тоа било чисто од куртоазност, за што коментираат, Трамп нејверојатно не ни знае со кого се поздравил.

Експертите коментираат дека се работи за фотографија „направена во лет“, коментирајќи дека Заев и неговата придружба најверојатно го бркале Трамп по ходниците на зградата на ОН, а кога конечно успеале да го стигнат, Заев се поздравил и тука е направена и матната фотографија. Од самиот израз на лицето на Трамп може да се заклучи дека претседателот на САД воопшто не знае со кого се поздравува, и дека е фатен во „препат“.

Колку за споредба, дипломатскиот протокол наложува по средба или разговор, официјалните фотографи или пак придружниците во делегациите да направат фотографија помеѓу соговорниците, на која се ракуваат, гледајќи во камерата, нешто што не е случај тука.

Денес, Трамп имаше средба и со премиерот на Израел Бенџамин Нетанјаху, а разликата во организирана средба и бркање по ходници е очигледна.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This