Зaбeгa cвeтoв: Maж вo Kaнaдa пpeтeпaл мeдицинcкa cecтpa oткaкo ja вakциниpaлa нeгoвaтa coпpyгa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата трага по маж во Канада, кој наводно неколкупати ја удрил во лице и ја соборил на земја медицинска сестра која ја вакцинирала неговата сопруга против коронавирус, пренесува Си-Би-Си.

– Вчера околу 9:15 часот по локално време, еден човек влезе во аптека во Шербрук, град во јужниот дел на Квебек, и обвини медицинска сестра, која полицијата не ја именуваше, дека ја вакцинирала неговата сопруга, изјави портпаролот на полицијата Мартин Кариер за Си-Ен-Ен.

Осомничениот бил многу лут и агресивен и ја прашал медицинската сестра зошто ја вакцинирала неговата сопруга (возрасна жена) без „негово одобрување“.

– Ја удри повеќе пати, таа паднала на земја, а осомничениот избегал од аптеката, рече Кариер.

Медицинската сестра потоа била пренесена во болница каде и била дадена помош поради повеќекратни повреди на лицето.

Во Канада нема закон согласно кој е потребно одобрение од сопружник за вакцинирање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This