April 26, 2024, 11:02 pm

Зaконoт за потекло на имотот ќе биде донесен, тој што не може да го докаже потеклото на истиот ќе се кoнфиcкувa и кpивичнo ќе одговара

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тоа што ние го ветуваме и на што се обврзуваме е дека ќе донесеме закон со кој ќе се провери имотната состојба на сите кои што се занимавале со јавен живот, односно биле јавни функционери, политичари во сите изминати 30 година. Значи тоа е еден исклучително широк опсег на сите оние кои што се занимавале со јавна функција, да видиме како го стекнале своето богатство, ако го стекнале чесно треба тоа јавноста да го знае за да не се манипулира, ако не го стекнале чесно, тогаш треба да се оданочи со 70 проценти како што е редот во секоја западно европски држави и да се врати кај народот и да се поведе кривична одговорност онаму каде што има простор за кривична одговорност, рече Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборна единица 4, во гостување во локалната телевизија Вис а вис.

Николоски потенцираше дека со денови го повикува Зоран Заев да излезе пред македонската јавност и да каже дали е во можност да го докаже сопственото богатство и богатството на семејство бидејќи според многумина тие станале најбогато семејство во Македонија и на Балканот во 18 години.
Јас со денови, да не речам од вториот или од третиот ден од кампањата го повикувам мојот политички опонент тука во четвртата изборна единица, Зоран Заев да излезе и да каже дали е во можност да го докаже потеклото на сопствениот капитал и богатство и капиталот и богатството на своето семејство, кое што според многумина стана најбогато семејство во Македонија и на Балканот во 18 години, рече Николоски.
Николоски посочи дека законот ќе биде донесен и ќе се испита имотната состојба на сите јавни функционери бидејќи граѓаните мора да знаат кој како ги стекнал средствата затоа што добивале државни пари односно добивале плата од буџетот

Тој закон ќе се донесе и мора после тоа на сите да биде испитана имотната состојба за да знаат граѓаните кој како ги стекнал средствата затоа што добивале државни пари односно добивале плата од буџетот, вели Николоски.
Во однос на реформите и судството, Николоски истакна дека законите во Македонија не се проблем, туку како што изјави тој проблем е примената на истите, додавајќи дека срамота е македонскиот правосуден систем да биде окарактеризиран како Луј витон или трас трас судство.

Во однос на реформите во судството и обвинителството, законите во Република Македонија долг временски период не се проблем, проблем е нивната примена, односно какви луѓе ги применуваат истите и морам да кажам дека тука во моментот немаме некакви среќни решенија како што немавме во минатото. Сега имаме Луј Витон судство и обвинителство, трас трас судство, во минатото имавме Сваровски судство. Срамота е тоа за македонскиот правосуден систем да на тој начин бидат окарактеризирани, нагласи Николоски.
Тој додаде дека во македонскиот правосуден има чесни, посветени и стручни луѓе на кои што за жал им се руши имиџот поради тие неколку кои што решаваат да влезат во активности кои што се спротивни на она што е природа на нивната работа.

Особено затоа што се работи за една мала на луѓе, односно најголем дел и од судиите и од обвинителите се исклучително чесни, посветени и стручни луѓе. Но, за жал им се руши имиџот со тие неколку кои што решаваат да влезат во активности кои што се спротивни на она што е природа на нивната работа, додаде Николоски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This