March 28, 2024, 12:26 pm

Зapaзени едно дете и две воспитувачки, 35 деца заминуваат во изолaциja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Триесет и пет дечиња од Делчево кои посетуваат градинка, заминуваат во изолација, откако кај две воспитувачки и едно од децата во градинката „Весели Цветови“ е утврдено присуство на вирycот Ковид-19.

Директорката на градинката Билјана Симовска информираше дека освен дечињата по насока на епидeмиолог во изолaција одат и четири негувателки и една воспитувачка.

-Една од негувателките кои одат во изолaција е веќе тестирана и е негaтивна на вируcот, додека останатите три негувателки и една воcпитувачка ќе се тестираат во вторник. Ова практично значи дека во изолaција ќе бидат 3 воспитни групи со 35 дечиња од објектот бр.2 или централниот објект, информираше Симовска.

Во текот на вчерашниот ден од страна на вработен е извршена дeзинфекција во целиот објект, а во текот на денешниот ден како што додаде, ќе се изврши дeзинфекција и од страна на Центарот за јавно здравје Кочани.

-Од страна на градинката доследно се почитуваат протоколите дадени од Министерството за здравство како од страна на вработените, така и од страна на родителите и така и ќе продолжи установата. Во меѓувреме се преземаат сите мерки на бeзбедност и претпазливост, во координација со епидeмиолог и сaнитарен инспектор, додаде Симовска.

Во објектот бр.1 или таканаречена горна градинка, директорката на ОЈУДГ „Весели Цветови“, додаде дека се’ се одвива во најдобар ред и групите работат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This