Зaxapиева со вocписпитна за 3aeв: He спиj нa тoa yво – по избopите paботите ќе бидaт пoлoши

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонските власти се во заблуда, работите по изборите во Бугарија нема посебно да се променат, може само да станат полоши по Македонија, тврди шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева. Коментирајќи ги изјавите на Заев, Димитров и Османи, дека Бугарија ќе омекнела по изборите вели дека такво нешто не можело да се очекува, бидејќи, како ретко кога, за бугарско- македонското прашање, постоел консензус меѓу сите партии во Парламентот.

-Тие имаат погрешна претстава дека нешто посебно ќе се смени. Напротив, ако нешто се смени, тоа ќе биде полошо за нив. Ние сакаме надминување на стереотипите од минатото, запирање на воспитувањето и основањето на нација базирано на антибугаризмот, запирање на јазикот на омраза, запирање на воспитувањето на омраза кон бугарското. Тоа го сакаме, не е ништо толку комплицирано според мене, изјави Захариева.

А од Бугарија, каде разговараше токму со Захариева, се врати и Владо Бучковски, но македонските власти се уште молчат околу преговорите. Токму поради ова пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, уште еднаш побара разговорите со Бугарија да бидат тема на дебата во Собранието. Порачува конечно е дојдено времето владините функционери да проговорат на оваа тема.

На собраниска дебата повика и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски Вели и покрај тврдењата на власта дека не се преговара за македонските идентитет, сепак фактот бил дека во документот даден од Софија, имало нови услови кои требало да се прифатат.

-Ја повикувам Владата, ги повикувам и Зоран Заев, и Бујар Османи и Никола Димитров да го покажат документот со 12 точки. Македонската јавност не ги гласаше и на оние наместени и украдени мафијашки избори на 15 јули, за да тие луѓе си играат со иднината на граѓаните и со иднината на македонскиот индентитет, изјави Мицкоски.

Германската амбасадорка Анке Холштајн вели Македонија ги исполнила условите да добие датум за преговори со ЕУ, но дека разговорите со Бугарија морале да продолжат, немало друга алтернатива.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This