Зeлeна лyпa: Сашо Миjaлков пpивилегиpaн во однос на Миле Jaнакиecки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од нашиот секојдневен судски мониторинг во Кривичниот суд може да констатираме дека закажувањето на термини за главна расправа не се применува со еднаков пристап кон обвинетите во предметите, кои ги следиме. Имено, во предметите каде обвинет е лицето Миле Јанакиески термините за главни расправи се закажуваат секојдневно и обвинетиот нема доволно време за подготовка на својата одбрана, додека во предметите каде обвинет и лицето Сашо Мијалков, истите се закажуваат многу ретко, а често и по барање на обвинетиот со одреден датум, кој е за него прилагодлив.

Ова, меѓу другото, пишува во денешната реакција на организацијата Зеелена лупа, која ги следи судењата на скопскиот Кривичен суд. Денеска како повод за реакцијата послужи предметот „Тортура“ во кој, меѓу другите, е обвинет и поранешниот директор на УБК, Сашo Мијалков.

Ваквата селективност и привилегираност при одредување на термините за рочишта, според Зелена лупа, доведува до повреда на правото на одбрана и правото на еднаквост на оружјата на обвинетите, кои би требало да имаат еднаков третман пред Судот и истите да имаат доволно време за подготвување на својата одбрана.

Како пример можеме да го посочиме токму денешното рочиште каде што судијката наведе датум за главна расправа на 7 октомври, одбраната на Сашо Мијалков побара овој датум да биде пролонгиран, иако за истиот немаат закажано друго рочиште, туку наведоа дека сакаат слободен ден, а Судот истото го одобри.

Повторно ќе направиме споредба каде што обвинетиот Миле Јанакиески секојдневно пред Судечкиот совет во различни предмети замолува и укажува дека нема ниту еден слободен ден во текот на месецот, а со тоа му се ускратува правото на одбрана ако се земе предвид дека тековните расправи во сите предмети се во фаза на сослушување на сведоци и истите траат подолго, сепак судиите не го намалуваат темпото на новите рочишта кон овој обвинет, велат меѓу другото од Зелена лупа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This