Ибрахимовиќ останува во Милан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Напаѓачот Златан Ибрахимовиќ е подготвен да остане во Милан, објави „Corriere della Sera“.

Италијанскиот клуб ќе му понуди на Швеѓанецот едногодишен договор, со можност за продолжување на уште една година доколку „росонерите“ изборат учество во Лигата на шампиони.

Платата на Ибрахимовиќ ќе биде пет милиони евра, плус бонуси врзани за индивидуалниот и тимскиот успех. Доколку се активираат сите дополнителни поени, заработката на Златан ќе надмине шест милиони евра, на кои тој смета.

И покрај неговата возраст, 38-годишниот Швеѓанец стана лидер во нападот на Милан по доаѓањето на почетокот на годината.

На 19 натпревари во Серија А и во Купот на Италија, тој постигна 10 голови. (MИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This