Иванка Тpaмп сослушувана поради зл оупотреба на средства

Поврзано

- Advertisement -
Ќерката и советничка на претседателот на САД, Донал Трамп, Иванка, била сослушана под заклетва во рамките на граѓанска парница, која се однесува на злоупотреба на непрофитни средства за инаугурација на нејзиниот татко пред четири години.
Канцеларијата на државниот обвинител, во округот Колумбија, Карл Расин, открил во вторникот во судскиот запис, дека излагањето е објавено истиот ден, пренесува „Ројтерс“.
Во тужбата од јануари 2020 година, Расин тврди дека фирмите за недвижности на Доналд Трамп и други субјекти, злоупотребувале непрофитни фондови, за да го збогатат семејството Трамп.
Според тужбата, непрофитната корпорација е ослободена од данок под името „58. претседателски основачки комитет“, координирано од семејството Трамп, со цел значително да преплати простор за одржување на настани во хотелот „Трамп интернешонал“, во Вашингтон.

Во еден случај, непрофитната организација наводно платила повеќе од 300.000 долари за одржување на приватниот прием во хотелот на Трамп, за неговите три најстари деца, Доналд помладиот, Иванка и Ерика, на инаугурациската вечера на 20. јануари 2017 година.

„Окружниот закон налага, непрофитните организации, своите средства да ги користат за свои јавни цели, а не во корист на приватни лица или компании“, изјавил Рацин, претходно оваа година.

Расин преку тужбата сака да го врати милионот долари, кои наводно бил насочен директно во семејната фирма на Трамп.

Портпаролот на Белата куќа не одговорил веднаш на барањето за коментар. Основачкиот одбор тврди дека неговите финансии биле независни и дека сите пари биле потрошени на законски начин.
- Advertisement -

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This