ИВАНОВ КАТЕГОРИЧЕН:Влада без мандат од претседател ќе нема легитимитет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Правно неиздржано е да се формира влада без определен мандат. Таквата влада би била без легитимност од претседателот, односно без уставна основа, вели претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во интервју за австрискиот дневен весник „Винер Цајтунг“.

ivanov-9-640x294

Прашан за евентуална можност да се бира Влада во Собранието, без определен мандат од страна на претседателот, Иванов со став дека тоа е правно неиздржано. – Тоа е само желба. Тоа е правно неиздржано. Таква влада нема да има легитимитет. Ова јасно е наведено во нашиот Устав. Согласно член 90 од Уставот, само претседателот на државата може да го определи мандатот за состав на Влада. Во таков случај би имало две влади. Актуелната, која е техничка влада, и влада која што е без легитимност од претседателот, односно без уставна основа. Значи ќе влеземе во уште поголема криза, вели Иванов.

Во интервјуто, претседателот Иванов објаснува дека од прогласувањето на независноста на Република Македонија, секогаш прво пласираната партија на изборите го добивала мандатот за составување на Влада.

-По изборите на 11 декември, јас го сторив она што и јас и моите претходници секогаш сме го правеле, на победникот на изборите му се доделува мандатот за состав на Влада, вели македонскиот претседател.

– Но, ВМРО-ДПМНЕ не успеа да коалицира со партиите на македонските Албанци, во предвидениот рок од 20 дена, согласно Уставот. Да бидам попрецизен, коалицијата всушност беше договорена. Но, во последниот час имаше телефонски повик – и коалицијата се распадна, одговара претседателот Иванов.

На прашањето „кој бил повикувачот“, Иванов одговара: „Вие сте новинар. Вие можете да го истражите тоа“.

Прашан што ќе се случи доколку некогаш се избере претседател на Собрание, а шефот на СДСМ повторно се договори со партиите на македонските Албанци и посака да состави Влада, Иванов со став дека на таква коалиција нема да го даде мандатот.

– Јас на таква коалиција нема да го дадам мандатот, и тоа од политички причини, вели Иванов посочувајќи на Тиранската платформа како политичка пречка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This