Иванов се распрашувал колкав буџет му следува по завршување на мандатот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата потврди дека претседателот, Ѓорге Иванов, се распрашувал за неговите привилегии по завршување на мандатот. Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, денеска изјави дека од кабинетот на претседателот се обратиле со прашања до Службата за општи и заеднички работи.

-Прашано е колкав е буџет кој му следува на претседателот по заминување од функцијата и по завршување на мандатот. Од кабинетот на претседателот се интересираа за спецификите за формирање на кабинет на поранешниот претседател, на што Службата има одговорено – рече Бошњаковски.

Како што изјави тој буџетот на поранешниот претседател е во висина од 8% од годишниот буџет на претседателот. Бошњаковски додаде дека Иванов треба да поднесе барање за деловни простории за формирање на кабинет како поранешен претседател и дека такво барање до сега не е поднесено.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This