ИГРАЊЕ ИГРАЧКИ ПРЕД ИЗБОРИ: Талат нe дава paзpeшyвaње на Мизрахи, пратениците прават пазар за ЗЈО, Кирацовски нeзaдoвoлeн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратениците абер немаат од отворање на нова сесија на Собранието на која треба да се дискутира и евентуално гласа законот за јавно обвинителство, закон кој предизвика низа на контроверзи во јавноста

Ниту закон за јавно обвинителство, ниту разрешување на министерката Рашела Мизрахи, ниту пак распуштање на Собранеито. По се изгледа дека денешната собраниска сесија повторно ќе се одложи, ако до 16 часот не биде закажан нов термин за седница која би започнала не порано од 19. часот денес.

Претходно, порталот „360 степени“ непроверено извести дека во Собранието е закажана седница за 15. часот. Информација која се покажа како лажна.

Според неофицијални информации, Талат Џафери се уште одбива да го стави предлогот за разрешување на техничката министерка Рашела Мизрахи на дневен ред, и покрај инистирањето на СДСМ. Пратениците од владејачкото мнозинство пак, оваа постапка на Џафери ја коментираат како „штитеничка“ како во случајот на Трајко Вељановски.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, не смее повторно да го стави Собранието во улога на штитеник на неподобни кадри, како што тоа го изведе во случајот со (не)одземањето на имунитетот на пратеникот Трајко Велјановски. – вели Кирацовски во својата ФБ објава.

Според Кирацовски, на пратениците им било преку глава врз нивни грб да се кршат копјата и тие да бидат „топовско месо“.

Мислам дека на пратениците им смачено преку нивни грб да се кршат уште копја, а самите пратеници, кои придонесоа многу за остварување на историските успеси и државни постигања, повторно да бидат “топовско месо”.

Талат Џафери пак, вели дека нема никаква шанса предлогот на Владата на Р.Македонија да го стави на гласање, со оглед на тоа што не се работи за обична влада, туку за влада која е договорена помеѓу владејачката и опозициската партија и во тој договор нема што да се меша Собранието.

Засега, според неофицијалните брифинзи, СДСМ и ДУИ имаат обезбедена поддршка за Законот за јавно обвинителство од БЕСА кои за возврат барале корекција на законот за лични документи, во кој треба да се вметне одредба за додавање на графа за етникум во личните документи до графата за државјанство. Според инфромациите, се работи за доработка на законот кој ќе ја отвори оваа можност за граѓаните кои ќе побараат во графата да стои етникумот.

Од пратениците пак, „климави“ беа Фросина Ременски но неофицијално „паднал“ договор. Од осумината, освен кај Елизабета Канческа-Милевска која потенцираше дека нема да гласа, нема промена. Ќе гласаат останатите седум. Во моментов се врши притисок врз најмалку двајца други пратеници од опозицијата.

А.МИТОВСКИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This