ИДЕАЛЕН ПОДАРОК ЗА СВ. ВАЛЕНТИН ЗА СЕКОЈ ХОРОСКОСКИ ЗНАК!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Празниците се сè поблиску, па затоа одлучивме да ви го олесниме изборот на подарок за најблиските. Еве неколку предлози за секој хороскопски знак.

Овен
На енергичниот Овен подарете му нешто за кое има страст, како на пример опрема за скијање, прибор за цртање, или часови по гитара. Овенот ќе сака веднаш да го започне своето ново хоби.

Бик
Вредните Бикови сакаат нешто што ќе ги опушти и смири. Ќе бидат пресреќни ако им уплатите ден во спа центар со масажа.

Близнаци
Близнаците ја сакаат новата технологија и сè што ќе ја задоволи нивната љубопитност. Предлог за подарок- Kindle или iPad mini.

Рак
Раковите најмногу ценат подароци кои можат да ги изложат во својот дом. Ќе ги израдува ако врамите фотографија од омиленото место кајшто биле на одмор.

Лав
Лавовите сакаат да се бидат во центарот на случувањата. Подарете им билети за некој важен настан или изненадете ги со вечера во некој скап ресторан.

Девица
Девиците имаат уникатни интереси. Дознајте што им е по вкус и купете им нешто оригинално и единствено.

Вага
Вагите сакаат да имаат работи со кои ќе се чувствуваат пријатно. Нема да погрешите со шал од кашмир, убав џемпер, обетки или вазна со букет цвеќе.

Скорпија
Сите Скорпии имаат некоја опсесија. Без разлика дали е тоа албум од нивниот омилен бенд или билети за некое предавање од областа на науката, тие ќе бидат пресреќни со што било поврзано со нивната опсесија.

Стрелец
Стрелецот е секогаш во потрага по нови авантури. Резервирајте викенд за двајца на планина и уплатете скокање со параглајдер.

Јарец
Јарците сакаат скапоцени предмети. Меѓу идеалните подароци се уникатно дизајнирана чанта, најнов модел на блендер или ајфон.

Водолија
Секогаш желни да научат нешто ново, Водолиите ќе бидат задоволни со нешто што ќе им помогне да стекнат нови вештини. Уплатете им часови по некој странски јазик, по танц или по цртање.

Риби
Рибите сакаат да бидат опкружени со убави работи и љубов. Купете им некој уметнички предмет, комплет керамички садови или рачно изрезбана дрвена чинија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This