Извлeчeн чoвeчки тpyп oд peкaтa Bapдap вo Велес вo фaзa нa pacпaѓaњe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во близина на мостот „Гемиџии“, во реката Вардар денеска околу пладне бил пронајден човечки труп за што било пријавено во СВР Велес, кои со асистенција на пожарникарите од ТППЕ Велес го извадиле телото од реката. Еден од пожарникарите кој учествувал во неговото извлекување за МИА информира дека трупот бил во поодмината фаза на распаѓање.

По наредба на Основен јавен обвинител кој бил на увид на настанот телото бил предаден на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје, информира за МИА, Верољуб Додевски портпаролот на СВР Велес.

Поради тоа што не се знае идентитетот на трупот, се продолжува со оперативните активности за утврдување на идентитетот на лицето, појасни Додевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This