ИЗЖИВУВАЊЕ СО АКТЕРОТ ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ: Му правеле претрес во домот, додека во судница докажувал дека е невин!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред десетина дена припадници на МВР приредиле уште еден силен стрес на семејството на актерот Владо Јовановски, пренесува Експрес.


Полицајци одговорни за контрола на мерката домашен притвор пристигнале во домот на актерот и проверувале дали Јовановски е дома додека тој бил на судење.

Проверката на неговиот дом се случила додека актерот кој е обвинет за тероризам во случајот 27 април бил во судот, потврдуваат полициски извори кои ги осудуваат своите колеги за непрофесионалност.

Според изворите на expres.mk полицајците морале да знаат дека актерот не е дома по налог на судот и не смееле да заминат во домот на актерот затоа што биле свесни дека со тоа предизвикуваат стрес на неговите деца и сопруга.

Семејството на Јовановски не сака да зборува за инцидентот кој не е прв.

Извори блиски на семејството апелираат на човечност од полициските службеници и нивните наредбодавци во интерес на децата на актерот кои секоја проверка од страна на полицијата додека нивниот родител не е дома по налог на судот ја доживуваат како тежок психички стрес.

Тие не исклучуваат дека посетите на полицајците за време на судските процеси се свесно организирани за да се изврши поголем притисок во Јовановски.

Според нив повторување на предходните слични инциденти и лошата координација меѓу полицијата и судот во повеќе наврати не мора да е грешка туку може да биде свесен обид за ширење страв и паника кај актерот и неговото семејство.

И првиот сличен инцидент за кој expres.mk пишуваше пред еден месец а за кој МВР тогаш не откри во чиј дом се случил, исто така се одвивал во домот на Владо Јовановски кого полицијата го барала додека тој бил на судење кое тој ден траело повеќе од 14 часа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This