ИЗМАМЕНА ШТИПЈАНКА: Ѝ рекол дека е американски војник во Авганистан и дека му треба помош!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера во 15.30 часот во СВР Штип, 54-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од лице кое го запознала на социјалната мрежа „Фејсбук“ на крајот на октомври 2018.

Лицето се претставило дека е од САД и дека е војник во Авганистан. Според пријавеното, во декември 2018 година ѝ кажал дека, бидејќи бил повреден, од авганистанските власти му биле исплатени 850.000 долари, кои тој не можел да ги внесе во САД и дека парите ќе и ги испрати неа, а таа требала само да ги подмири трошоците на агенцијата „Routenet Express“ за да можат парите да пристигнат во Македонија.

Жената се согласила и во периодот од 26 декември до 29 јануари, во неколку наврати уплатила вкупно 7300 евра и 1590 долари на агенцијата.

Парите требало да пристигнат до 20 февруари, но до денот на пријавувањето не ги добила, по што заклучила дека била измамена.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This